26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Арт КЛ7 со прва победа во суперлигата

Голден Арт КЛ7 со прва победа во суперлигата

Дебитантот во најквалитетното ракометно натпреварување, Голден Арт КЛ7 со убедлива и надмоќна игра ја извојува првата победа, совладувајќи го Јуниор КВ.

Од самиот старт тимот на Голден Арт КЛ7 наметна висок ритам, со цврста одбрана и многу трчање и покажа дека на денешниот натпревар ќе ги освои трите бодови.

Одбраната на чело со, денес, одличниот Андреј Петковски на голот создаде можност за брзи и лесни голови и беше клучна за набрзина создадената разлика и резултат на полувремето гласеше15:07.

Имајќи предвид дека системот на натпреварување е доста згуснат, тренерот Бошковски направи доста ротации и им даде шанса на сите ракометари во својот ростер.

Крајниот резултат гласеше 30:18

Следниот натпревар Голден Арт КЛ7 го игра во среда против екипата на Астрион во Струмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП