Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 12 до 21 степени.

