18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо европскиот недвижен имот инвестирани 41,5 милијарди евра

Во европскиот недвижен имот инвестирани 41,5 милијарди евра

AAAA

Европските деловни инвестиции на пазарот на недвижности традиционално се зголемени во последниот квартал од минатата година, се соопштува во најновата анализа на меѓународната компанија за недвижнини „CBRE“.

Последниот квартал од минатата година, според активностите беше најдобриот квартал од 2007 година. Вкупните инвестиции во европскиот недвижен имот, во последниот квартал од минатата година инесуваа 41,5 милијарди евра, што е за 48 проценти повеќе од третиот квартал истата година и 16 проценти повеќе од последниот квартал во 2011 година.

Во изминатата 2012 година, инвестициите во европските недвижнини достигнаа 120,4 милијарди евра, што е приближно исто како во 2011 година, кога тие изнесуваа 120,3 милијарди евра.

Во изминатата година забележано е мало зголемување на инвестициите во земјите од Западна Европа и пад на инвестиционите активности во Централна и Источна Европа.

Особено зголемување е забележано во Полска и Русија.

Во Германија инвестициите изнесуваа повеќе од милијарда евра, благодарение на активностите на инвестицискиот фонд „Lone Star“ од САД, во источниот дел од земјата.

Неколку поголеми трансакции се забележани и во Норвешка, но овие трансакции беа насочени кон првокласни складишта, трговски центри и деловни згради.

Во анализата се наведува дека се забележани знаци на заздравување и на ирскиот пазар. Наспроти длабочината на кризата на пазарот за недвижнини, во таа земја е забележано значително подобрување во однос на периодот од 2008 до 2011 година.

Во Велика Британија во последниот квартал беше забележан раст од 8 проценти, на тој пазар најизразена е поларизацијата меѓу Лондон и осатокот од земјата.

Во Италија, Шпанија и Португалија, минатата година донесе продолжување на намалувањето на инвестициите, а во Шпанија во последните денови од годината е забележано заживување на пазарот со остварени 922 милиони евра инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП