27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„PayPal“ влегува на пазарот на криптовалути

„PayPal“ влегува на пазарот на криптовалути

„PayPal Holdings“ се приклучува на пазарот на криптовалути, дозволувајќи им на потрошувачите да купуваат, продаваат и чуваат биткоини и други виртуелни пари, користејќи ги интернет-паричниците на американската компанија за дигитални плаќања, пренесува „Reuters“.

Клиентите на „PayPal“ исто така ќе можат да користат криптовалути за да купуваат од 26 милиони трговци во нејзината мрежа. Оваа опција ќе биде достапна од почетокот на 2021-ва година, открива компанијата во соопштението.

„PayPal“ се надева дека услугата ќе промовира глобално користење на виртуелни пари и ќе ја подготви својата мрежа за нови дигитални валути што можат да ги развиваат централните банки или корпорациите, изјави Дан Шулман, претседател и извршен директор на компанијата.

„Ние работиме со централните банки и ги разгледуваме сите форми на дигитални валути и како „PayPal“ може да има улога (во овој процес)“, рече тој.

Американските корисници на компанијата ќе можат да купуваат, продаваат и чуваат криптовалути во нивните паричници во „PayPal“ во наредните недели, откри компанијата. Таа планира да се прошири во уште неколку земји во првата половина на 2021-ва година.

Другите популарни финтек компании, како што се „Square“ и „Robinhood Markets“, им овозможуваат на потрошувачите да купуваат и продаваат криптовалути, но одлуката на „PаyPal“ е важна со оглед на обемот.

Компанијата со седиште во Калифорнија има 346 милиони активни сметки ширум светот и обработени плаќања во вредност од 222 милијарди долари во вториот квартал.

Криптовалутите имаат тенденција да бидат понестабилни, што ги прави привлечни за шпекулантите, но многу помалку апетитни за трговците и купувачите. Трансакциите се позначајни и поскапи од оние на другите системи за масовно плаќање.

Плаќањата со криптовалутата на „PayPal“ ќе бидат порамнети со користење на валути како што е американскиот долар, што значи дека трговците нема да ги добиваат своите плаќања во виртуелни монети, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП