26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент повика на стопирање на продажбата на државјанства

Европскиот парламент повика на стопирање на продажбата на државјанства

Европскиот парламент ги повика земјите од ЕУ веднаш да ги прекинат шемите за давање на државјанство поради инвестициите. Европското државјанство не може да се тргува како стока, коментираат пратениците за време на дебатата во која учествуваше комесарот за правда Дидие Рејндерс.

Шемите за давање т.н. „златен пасош“ се применуваат само во три земји – Кипар, Малта и Бугарија. 19 земји на ЕУ спроведуваат програми за „престој поради инвестиции“, познати како „златни визи“, соопшти прес-службата на ЕП.

Во текот на неделата, Брисел започна постапка против Малта и Кипар за кршење на европското право и испрати писмо со барање за информации до Бугарија во врска со шемата.

Министерството за правда на Бугарија во соопштението за јавноста во врска со испратеното писмо појасни дека во октомври 2019-та година Владата го одобрила и доставила до Националното собрание Законот за изменување и дополнување на Законот за бугарско државјанство.

Проектот го менува режимот за стекнување бугарско државјанство за инвестиции. Тие предвидуваат укинување на одредбите од чл. 12а и 14а од законските можности за стекнување бугарско државјанство во случаи на краткорочни странски инвестиции.

Во јануари 2019-та година, Европската комисија формираше експертска група со претставници на сите земји-членки на ЕУ за развој на заеднички стандарди и упатства за овие прашања. По четири состаноци минатата година, групата сè уште не се состанала во 2020-та година.

За време на дебатата на пленарна седница, европратениците ги истакнаа својствените ризици што ги носат овие програми, а тоа се перење пари, даночна измама и корупција. Тие инсистираа на тоа дека Европа не треба да има „забрзан влез за криминалците“.

Европратениците истакнаа дека доделувањето државјанство на ЕУ на државјани на трети земји без соодветно испитување и транспарентност има негативни последици во другите земји-членки, поткопувајќи ја меѓусебната доверба и заедничките вредности.

На дебатата се дискутираше и за неодамнешниот скандал во Кипар, во кој тајно беа снимени високи функционери – вклучувајќи го и претседателот на националниот парламент, кои нудеа помош на измислен кинески извршен директор со кривично досие за добивање кипарски пасош преку националната шема на државјанство за инвестиции.

Некои европратеници забележаа дека учеството на приходите од овие програми е значајно за земји како што е Кипар, додека многумина велат дека вредностите и правата на ЕУ не се на продажба.

Кипар, во меѓувреме, рече дека од ноември ја замрзнува својата шема на државјанство за инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП