26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF и Sinopec градат нова фабрика во Кина

BASF и Sinopec градат нова фабрика во Кина

1

Најголемиот светски хемиски производител BASF заедно со кинеската компанија Петролеум хемикал корпорејшн (Sinopec), планираат да изградат нова фабрика за производство на пластика во градот Маоминг, Кина.

Двајцата партнери заедно имаат направено студија за изводливост за изградба на објекти и сега ќе формираат заедничка компанија со заеднички удел од 50:50, се додава во соопштувањето на BASF, а пренесува агенцијата AFP.

Производството би требало да почне кон средината на 2015 година.

BASF и Sinopec веќе водат заедничка компанија, BASF-YPC во кинескиот град Нанџингу, која произведува широк спектар на хемикалии за брзорастечкиот кинески пазар, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП