ЕКОНОМИЈА

Повеќе од половина од малите бизниси во Западна Европа можат да банкротираат за една година

Повеќето од половина од малите и средни бизниси во Европа велат дека следната година се соочуваат со ризик од банкрот доколку не се зголемат нивните приходи.

Една од пет компании во Италија и Франција очекува да поднесе барање за заштита од банкрот во рок од шест месеци, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на студијата на „McKinsey & Co.“ спроведена во август, во која учествувале повеќе од 2.200 мали и средни претпријатија во петте најголемите економии во Европа. Студијата го истакнува обемот на штетата предизвикана од кризата Ковид-19.

Таквите претпријатија се клучни за регионот, сочинуваат повеќе од две третини од работната сила таму и повеќе од половина од додадената економска вредност.

Пандемијата на коронавирусот сериозно ги погоди европските компании, при што 70% пријавиле помали приходи. Ова ниво е уште поголемо во Италија и Шпанија, што ги рефлектира штетите предизвикани од вирусот и мерките за социјално дистанцирање во овие земји.

Мнозинството компании ја опишуваат економијата како „слаба“. Ова предизвикува загриженост за неисполнување на обврските за заемите и потребата за технолошки вишок. Владите на сите испитани земји веќе најавија дополнителна поддршка за работниците во нивните напори да ја намалат невработеноста при зголемениот број на заразени лица.