Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава изнесува 27.535 денари, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, нето платата бележи раст од 9,6 отсто, што се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 20,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 16,9 осто и дејности на здравствена и социјална заштита 13,2 отсто.

