5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia не мирува, пристигна и Lumia 625

Nokia не мирува, пристигна и Lumia 625

lumia

По разочарувачките квартални резултати, финската компанија „Nokia“ денеска го претстави својот нов модел во кој ги вперува сите свои надежи за да ја подобри загубената позиција во средниот сегмент на т.н. „пристапни паметни телефони“.

Моделот е „Lumia 625“ и работи на „Windows“ оперативниот систем. Тој ќе е со 4.7-инчен дисплеј и можности за користење на 4G мрежите. Главната негова предност ќе е најдобрата цена, која од компанијата прогнозираат дека ќе е на ниво од 220 евра пред даноците и субвенциите.

Тоа е околу 400 евра под култниот нов модел „Lumia 1020“ кој беше објавен во изминатата недела и располага со 41-мегапикселна камера.

Моделот ќе се нуди во многу бои – портокалова, жолта, светло зелена, бела и црна, и ќе има можност за замена на панелите.

Продажбата ќе стартува во Кина и Европа, па потоа во Азија, Индија и Блискиот Исток, како и во Јужна Америка во третиот квартал на оваа година.

Компанијата има потреба од многу работа за да закрепне од загубените позиции при продажбата на паметни телефони. Загуби компанијата трпи и при продажбата на „функционалните мобилни уреди”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП