29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска 1.500, во Словенија повеќе од 1.600 новозаболени од коронавирус

Во Хрватска 1.500, во Словенија повеќе од 1.600 новозаболени од коронавирус

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина починати.

Во последните 24 часа евидентирани се 1.563 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7.380. Меѓу нив, 661 пациент е во болница, од кои 46 се на апарати за дишење.

Тринаесет лица починаа, од кои 10 во Загреб.

Според последните податоци во Словенија се регистрирани 1.663 новозаболени лица, што е нов дневен рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП