петок, јануари 22, 2021
-4 °c
Skopje
3 ° пет
3 ° саб
6 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ADIN 690.00 0%    ALK 13,759.07 -0.14%    CEVI 400.00 -0.25%    GRNT 1,159.37 -1.5%    KMB 7,694.49 -0.14%    MKSD 192.00 0%    MPT 73,533.91 0.47%    SBT 2,899.37 5.43%    STB 1,167.37 1.03%    TEL 319.05 -0.09%    TKVS 5,000.00 2.04%    TNB 18,793.66 -0.03%    UNI 2,530.00 0%    ZPKO 2,911.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

октомври 22, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија
31
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел.

Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел на германското претседателство со ЕУ е да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината и оцени дека ќе биде неуспех ако тоа не се случи.

– Во март сите земји членки дадоа зелено светло за почеток на преговорите и отворање на пристапни преговори за членство со Северна Македонија. Работиме напорно да се одржи меѓувладината конференција и ние сме оптимисти дека ќе успееме да ја достигнеме оваа цел, изјави Холштајн која заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот Никола Димитров зборуваа на онлајн промотивен настан за проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”, во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија. .

Берлинскиот процес, според неа, во голема мера го олеснува овој процес и изрази уверување дека ќе има конструктивна атмосфера и во ноември за време на заедничкото македонско-бугарско ко-претседателство со самитот во Софија.

– Ова е важен датум за заокружување на агендата во декември. Согласно правилата и процедурите, 10-ти ноември е последна шанса за прифаќање на преговарачката рамка и ќе направиме се за ова да се оствари, истакна Холштајн.

Евроамбасадорот Гир, од својата страна, посочува дека одлуката за отворање на преговорите е донесена во март и сега дискусиите за преговарачката рамка продолжуваат во Брисел.

– Се надевам дека договорот ќе биде постигнат до крајот на годината, вели Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Димитров, исто така, изрази уверување дека и Брисел и Берлин ја препознаваат шансата.

– Во март имавме безусловна одлука да почнеме преговори и мислам дека ќе биде добро за сите нас, и за ЕУ, и за сите наши соседи тоа да се случи во декември за конечно да добиеме целосен пристап до алатката за пристапниот процес, изјави Димитров.

Главна пречка е позицијата на Софија која преку појаснувачки меморандум испратен до членките на ЕУ го спори македонскиот идентитет и јазик. Темата за преговарачката рамка за Северна Македонија вчера по прв пат се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, откако неколку недели се пеглаа ставовите на експертско ниво.. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, бугарскиот амбасадор ја изложил бугарската позиција околу усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, нагласувајќи дека Софија го оспорува краткото име на земјата (Бугарија смета дека земјата треба да се нарекува Република Северна Македонија во официјална комуникација, а не Северна Македонија) како и ословувањето на јазикот како македонски.

Според дипломатите присутни на амбасадорскиот совет во Брисел, ниедна земја членка не ја поддржува позицијата на Софија, бидејќи е вон надлежностите на ЕУ и мора да се реши билатерално. Но, потсетуваат дипломатите, правото на вето во Унијата на овие теми е засега неприкосновено, и Бугарија, доколку одлучи може да го блокира усвојувањето на рамката. Се забележува и поинтензивна дипломатска активност од страна на самите земји членки помеѓу Софија и Скопје, меѓу другото од страна на германската и австриската влада, кои се обидуваат да го помогнат изнаоѓањето заеднички прифатливо решение.

Амбасадорите на прашањето за преговарачката рамка ќе се навратат идната недела повторно, со надеж дека ќе има веќе некаков напредок дотогаш помеѓу двете страни, но потсетуваат дека одредени земји членки на ЕУ имаат забелешки на други теми поврзани за реформата на методологијата на преговарачкиот процес.

Во меѓувреме, со нова провокативна изјава се јави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. Кажа дека е подготвен да испрати инженерски полк за да ги отстрани спомениците и спомен плочите во С. Македонија на кои што пишува „бугарски фашистички окупатор“. Вели дека за Скопје да ги почне преговорите во декември е да се откаже од тие споменици и плочи.

Изјавата на Каракачанов македонските власти ја оценија како недолична и недостојна, со уверување дека тоа не е став на тамошната јавност и на граѓаните.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска коментирајќи ја изјавата истакна дека поминало времето кога министри за одбрана во регонов даваат изјави, како таа што ја изнесе бугарскиот министер за одбрана Каракачанов, а некој да ги смета за сериозни и оти таквиот начин на комуникација не доликува на земји-членки на НАТО. Таа потенцира дека ќе продолжи да ги испраќа истите пораки што се испраќани изминатите години, дека „нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи“.

Поддршката за старт на преговорите со ЕУ Софија ги услови со напредок во работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања. Македонските и бугарските историчари минатата недела во Скопје по пауза од речиси една година повторно седнаа на маса, два дена разговора, а според изјавите на копретседателите на Комисијата по состанокот Драги Ѓоргиев и Ангел Димиров постигнат е мал напредок, но не и во однос на Гоце Делчев. По, средбата беше посочено дека има некои предлози и идеи, но тие побараа трпение со што помалку емоции и тензии, со најава за нова средба во Софија до крајот на годинава.

Последниот состанок за усогласување на преговарачката рамка треба да го одржи Советот за општи работи на ЕУ на 10 ноември во Брисел, што се совпаѓа со одржувањето на самитот на Берлинскиот процес во Софија со кој ќе копретседаваат С Македонија и Бугарија. На почетокот на ноември во Софија најавена е средба на премиерот Зоран Заев со неговиот бугарски колега Бојко Борисов на која се очекува да бидат надминати недоразбирањата.

Тагови: берлинбриселеумакедонија
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

ЛШ: Коман и Баерн го „прегазија“ Атлетико, Лукаку спасуваше реми за Интер!

Следна Објава

Тесла: Трет последователен квартален профит, акциите пораснаа

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Дневен хороскоп 22.01.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 22.01.2021

јануари 22, 2021
97

Овен (21.03 – 20.04) Ве очекува ден во кој ќе имате помалку обврски отколку што сте очекувале. Ви претстојат позитивни...

Прочитај повеќе
Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот
АВТОБИЗ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
33

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760. за...

Прочитај повеќе
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска
ЕКОНОМИЈА

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
126

Инфлацијата во еврозоната беше минус 0,3 проценти на годишно ниво во декември, останувајќи во негативна територија четврти месец по ред,...

Прочитај повеќе
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
17

Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави монетарната политика непроменета на својот прв состанок во 2021-ва година, при што банкарите зазедоа...

Прочитај повеќе
„Lancia“ станува премиум бренд
АВТОБИЗ

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021
122

Концернот „Stellantis“, кој обединува 14 брендови од „PSA“ и „FCA“ под едно крило, ја претстави својата нова стратегија за позиционирање....

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп 22.01.2021

Дневен хороскоп 22.01.2021

јануари 22, 2021
Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
„Lancia“ станува премиум бренд

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Колку е богат новиот претседател на Америка

    Колку е богат новиот претседател на Америка

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Уште една голема марка се откажува од телефонот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 22.01.2021
ЗДРАВЈЕ

Дневен хороскоп 22.01.2021

јануари 22, 2021
97
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.2k
Следна Објава
Тесла: Трет последователен квартален профит, акциите пораснаа

Тесла: Трет последователен квартален профит, акциите пораснаа

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани