28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со слаба магла, минимални минус три, максимални 25 степени

Сончево со слаба магла, минимални минус три, максимални 25 степени

Времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, претежно сончево, со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП