29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Велика Британија го достигна највисокото ниво во последните 60...

Јавниот долг на Велика Британија го достигна највисокото ниво во последните 60 години

Кредитите на британската влада во првата половина од фискалната година беа повеќе од шест пати повисоки отколку пред пандемијата со Ковид-19, покажуваат официјалните податоци. Така, јавниот долг на земјата го достигна највисокото ниво од 1960-та година.

Јавните заеми само во септември изнесуваат 36,1 милијарди фунти (46,90 милијарди долари), што ги надминува сите предвидувања на економистите на „Reuters“. Бројките во август беа ревидирани за повеќе од 5 милијарди фунти на 30,1 милијарди фунти.

Вкупниот јавен долг ја надминува границата од 2 трилиони фунти до 2,060 трилиони фунти или 103,5% од БДП-то, највисокото ниво од 1960-та година, според Заводот за национална статистика.

Водени од скокот на трошоците, поради коронавирусот и намалувањето на даночните приходи од најголемиот економски удар во 1920-тите, кредитите од април до септември изнесуваат 208,5 милијарди фунти, повеќе од шест пати повеќе во исто време во 2019-та година.

Канцеларијата за отчетност на буџетот на Велика Британија предвиде во август дека кредитите ќе достигнат рекордни 372 милијарди фунти до крајот на оваа финансиска година, што е еквивалентно на 18,9% од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво од Втората светска војна.

Ризиците за трошење на владата повторно се зголемија во втората половина на финансиската година, бидејќи блокадите се вратија во поголемиот дел од Велика Британија. Ова прави притисок врз владата да понуди дополнителна поддршка на затворените компании и нивните вработени.

„Moody’s“ во петокот го намали суверениот кредитен рејтинг на Велика Британија на исто ниво со Белгија и Чешка, предупредувајќи дека земјата „практично нема фискално сидро“.

Економистите анкетирани од „Reuters“ очекуваат дека Англиската банка ќе ја зајакне својата програма за купување обврзници за дополнителни 100 милијарди фунти следниот месец, покрај 300 милијарди фунти објавени во март.

Британската влада имаше за цел да подготви тригодишен план за јавните трошоци веќе следниот месец, но рече дека прогнозата ќе опфати само една година поради неизвесноста околу коронавирусот.

Во исто време, Заводот за национална статистика објави дека годишната инфлација се зголеми на 0,5% во септември од 0,2% во август, кога беше намалена со привремена шема за нарачување на храна од рестораните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП