6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку Рига ќе ја чини транзицијата кон еврото?

Колку Рига ќе ја чини транзицијата кон еврото?

riga

Транзицијата кон еврото Летонија ќе ја чини околу 80 милиони лати (160 милиони долари), изјавил министерот за финансии, Андрис Вилкс.

Таа сума ќе биде употребена за прилагодување на информатичката технологија, замената на готовината во регионите, дополнителната безбедност во филијалите на Летонските пошти каде ќе се врши замената на валутите и други цели во рамките на транзицијата кон еврото.

Во целина тешко може да се процени конкретната бројка и поради тоа многу се шпекулира. Земјите кои претходно го воведуваа еврото оваа процедура ги чинеше пола од бруто домашниот производ.

Според тие пресметки, Летонија воведувањето на еврото не би требало да ја чини од 70 до 80 милиони лати.

Летонија во март 2010-та година донесе решение за воведување на еврото од 1-ви јануари 2014-та година, а веќе на крајот од минатата година земјата ги исполни сите критериуми.

Советот на ЕУ на ниво на министрите за економија и финансии на 9-ти јули и официјално објави дека Летонија ќе влезе во евро-зоната од 1-ви јануари 2014-та година и со тоа ќе стане 18-тата земја која користи евро.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП