26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп има сметка во кинеска банка

Трамп има сметка во кинеска банка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, има банкарска сметка во Кина каде со години се обидува да направи бизнис, иако се претставува како вистински ривал на Пекинг, за разлика од, како што рече, неговиот демократски ривал на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, пишува Њујорк Тајмс.

Магнатот за недвижнини ја задржал канцеларијата што ја отворил во Кина пред да биде избран за претседател на САД, за време на целиот претседателски мандат и се обидел да склучи партнерство со голема кинеска компанија под државна контрола, тврди весникот.

Претседателот на Соединетите Држави, исто така, ја задржал банкарска сметка во Кина, за која не се знаеше до сега и која ја контролира една од неговите компании, „Trump International Hotels Management“, се вели во анализата на неговите даночни пријави, до кои имал пристап Њујорк тајмс

Според една од даночните пријави, таа компанија платила данок од 188.561 долари во Кина кога се обидела да склучи договори за лиценца од 2013 до 2015 година.

Адвокатот на групацијата на Трамп, Алан Гартен изјави дека компанијата отворила сметка во кинеска банка, која има филијали во САД, со цел да ги плати тие даноци.

„Ниту еден договор, трансакција или каква било друга комерцијална активност не е конкретизирана од 2015 година и таа сметка е неактивна“, ги цитира весникот зборовите на адвокатот.

Според агенцијата Франс Прес, Трамп започнал трговска и дипломатска војна со Кина, тврдејќи дека тој е вистинскиот бранител на американските интереси против кинескиот гигант, за разлика од Бајден, кандидат за претседател на Демократите за изборите што треба да се одржат во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП