24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако изгледа кога Бил Гејтс ќе дојде на интервју за работа (ВИДЕО)

Како изгледа кога Бил Гејтс ќе дојде на интервју за работа (ВИДЕО)

Бил Гејтс е милијардер и технолошка икона, па малку е веројатно дека на вториот најбогат човек во светот наскоро ќе му треба интервју за работа.

Сепак, благодарение на ѕездата на НБА, Стеф Кари, можеме да откриеме како Гејтс би одговорил на неколку основни прашања на интервју за работа, вклучувајќи опишување на неговите силни и слаби страни, како и да каже каква плата очекува, пренесува CNBC.

Кари го објави интервјуто на Јутјуб како прв дел од неговата нова видео серија, наречена “State of Inspiration”.

„Не знам кога последен пат сте биле на интервју за работа“, вели Кари, истакнувајќи дека „многу деца, вклучувајќи ги и оние кои неодамна завршиле колеџ, се обидуваат да влезат на пазарот на трудот“, кој Кари го опишува како „екстремно несигурен“ поради рецесијата што го погоди светот поради пандемијата од коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП