6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го потврди производството на СУВ моделот

Bentley го потврди производството на СУВ моделот

bentli

По повеќе од една година размислување „Bentley“ дефинитивно потврди дека на купувачите ќе им понуди СУВ модел. Се предвидува автомобилот да се појави во продажба во 2016-та година.

„Bentley“ во март 2012-та година кога на саемот во Женева го претстави концептот „EXP 9F“ започна со истражување на пазарот и што нивните постојани клиенти мислат за можниот СУВ модел. Па според собраните информации донесена е конечната одлука да се стартува со сериско прозиводство.

Иако претходно се говореше дека овој автомобил ќе се изработува во фабриката на Фолксваген во Братислава, сега е потврдено дека возилото ќе се прави во нивните погони во Англија.

Компанијата соопшти дека за овој погон ќе инвестира дополнителни 800 милиони фунти. Парите покрај за развојот и производството на СУВ моделот ќе бидат употребени и за некои од идните автомобили на овој производител.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП