29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија последна во Европа во овозможување на јавни услуги по електронски пат

Македонија последна во Европа во овозможување на јавни услуги по електронски пат

Европската комисија ја објави студијата “The 2020 eGovernment Benchmark report” во која се опфатени сите земји од Европа, која ги мери владите колку озвозможиле користење на јавни услуги по електронски пат.

Со цел да се дадат конзистентни и повторливи мислења за правење валидни споредби, перформансите на јавните услуги преку Интернет се проценуваат според четири „највисоки“ карактеристики. Просечната оценка на четирите карактеристики од највисоко ниво го претставува целокупното работење на е-владата во една земја, од 0% до 100%.

Истражувањето мери:

1.фокусираноста на потребите и барањата на корисничките/ците,

2. транспарентноста за услугите,

3. клучни овозможувачи за услугите и

4. колку се достапни услугите за граѓан(к)ите кога тие се наоѓаат во странство

“The 2020 eGovernment Benchmark report” покажува забележителни подобрувања низ целa Evropa: Во текот на последните две години, секоја од измерените 36 земји ја подобриле дигиталната испорака на јавните услуги во согласност со четирите одредници разгледани во проценката. Сепак, обемот на подобрување и вкупните перформанси значително се разликуваат.

Европски лидери се Малта (вкупен резултат од 97%), Естонија (92%), Австрија (87%) и Летонија (87%). Овие земји имаат највисок резултат во сите четири највисоки категории, следени тесно од Данска (84%), Литванија (83%) и Финска (83%).

Во однос на напредокот, Луксембург, Унгарија и Словенија остварија најголем напредок во последните две години, растат со 20, 19 и 18 процентни поени, со што резултирало со соодветни вкупни резултати од 79%, 63% и 72%.

На самото дно на листата се наоѓа Македонија со скромни 33,4%. Во регионот најсилно котира Словенија со 72%, Хрватска 52,5%, Србија 43,9%, Црна Гора 41,4% и Албанија 41,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП