
Според кинескиот премиер Ли Кечијанг економскиот раст на Кина не смее да ја мине границата под седум проценти.


Според кинескиот премиер Ли Кечијанг економскиот раст на Кина не смее да ја мине границата под седум проценти.
„Долната граница за економски раст е седум проценти и под неа не смееме да паднеме. Тој економски раст е неопходен за Кина да ја исполни својата цел за удвојување на бруто домашниот производ во периодот од 2010-та до 2020-та година“, истакнал Ли при обраќањето пред економските експерти и деловни луѓе.
Кина во последните неколку години стана втора најголема економска сила, но неодамна ја зголеми загриженоста во врска со нејзиниот раст кој е од клучно значење за владеачката Комунистичка партија за да го обезбеди ветениот просперитет.
Кинеската економија во периодот од април до јуни пораснала за 7.5 проценти на годишно ниво што е побавно во однос на 7.7 проценти во првото тромесечие и 7.9-те проценти од последниот квартал од 2012-та година.
Владата во Пекинг за оваа година како цел има поставено раст на БДП од 7.5 проценти.