Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.024 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен број од почетокот на епидемијата. Во изминатиот ден биле тестирани 4.406 лица, а починале 18 лица.
Денешниот биланс е за 629 нови случаи повисок од претходниот ден, пренесува БТА.

