26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто од шведскиот модел, земјата за која сите зборувавме ја менува стратегијата:...

Ништо од шведскиот модел, земјата за која сите зборувавме ја менува стратегијата: Се воведуваат нови препораки

Епидемиологот Јоаким Роклов од Универзитетот Умеа во Шведска предлага поостри мерки доколку бројот на новозаразени во земјата продолжи да расте.

“Она што се случи во последните неколку недели е приближување кон моделот што се користи во Норвешка и другите земји. Многу е очигледно дека ова е нова стратегија за борба против вирусот”, рече тој за Бизнис Инсајдер.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел долго време го бранеше отворениот шведски модел, но оваа недела ќе се состане со локалните власти за да се договорат за локалните мерки за “lockdown” се со цел за ставање под контрола на жариштата.

Тогаш локалните власти треба да им препорачаат на луѓето да не ги посетуваат јавните места како што се трговските центри, музеи, спортски сали, спортски натпревари, јавен превоз … Но, се посочува дека тоа ќе бидат само препораки за кои нема да има казни доколку некој не се придржува до нив.

Во Шведска, мерките функционираа како препораки на национално ниво, но сега нивото на донесување одлуки за овие препораки се спушта на локално ниво, така што локалните власти, во соработка со Агенцијата за јавно здравје, можат да дадат препораки за своето подрачје.

Тегнел оваа недела ќе разговара со локалните лидери на најпогодените региони за какви мерки во овие подрачја.

Според новите препораки од 13 октомври, властите можат да ги советуваат граѓаните да не патуваат со јавен превоз, да не патуваат надвор од регионот и да не ги посетуваат луѓето во ризичните подрачја, да избегнуваат јавни места и собири и физички контакт со луѓе со кои не живеат.

Бројот на нови инфекции расте на глобално ниво, а во Шведска последните денови бројот не е под 500.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП