8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУапсен грчкиот бизнисмен Викторас Рестис

Уапсен грчкиот бизнисмен Викторас Рестис

vr

Грчкиот бродски магнат Викторас Рестис е уапсен под обвинение за перење на пари, објави весникот „Етнос“.

Весникот наведува дека против Рестис се подигнати три сериозни обвиненија – за присвојување на средства, за легализирање на приходи од криминални активности и за формирање на криминална организација.

Рестис се товари и поради тоа дека банката ФББ, која е во негова сопственост, доделувала сомнителени кредити на фирми блиски до него.

Средствата откако ќе поминале преку офшор компании повтопрно биле враќани на сметката на естис.

Агенцијата за борба против перење на пари открила дека пасивата на ФББ изнесува 524 милиони евра и дека таа треба да биде платена од даночните обврзници.

Грчките власти истражуваат и други афери на магнатот.

Рестис е еден од финансиерите на „Карфур Бугарија, има инвестиции на црногорскиот остров Свети Стефан, а поседува и 40 проценти од акциите на грчкиот весник „Прото тема“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП