Времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.

