25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска рекордни 535 заразени со Ковид-19

Денеска рекордни 535 заразени со Ковид-19

Денеска имаме вкупно тестирани 2.445, од кои новозаболени 535, шест се починати.

Во Скопје се новозаболени 277, највисока бројка, скоро половина од сите други заболени, додека новооздравени имаме 168. За 190 повеќе заболени од вчерашниот ден. Нов страшен рекорд.

Ова се информациите што вечерва во 24 анализа ги објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Денеска и ДУИ и СДСМ, сите посебно пуштија соопштение до јавноста да ги повикаат и граѓаните малку посовесно да постапуваат по однос на пандемијата, да се придржуваат на мерките предвидени од страна на Министерството за здравство, Комисијата, Владата и избегнување на собири, посебно свадбите, славите, журките навечер, живите свирки навечер итн. Би поддржал мерка да се забранат ноќните журки, свадби, веселби, слави, собирања, рече Груби.

Според него, на владина седница не се разговарало за нова вонредна состојба и за нов полициски час.

Апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид – 19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП