4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција достигна 27 проценти

Невработеноста во Грција достигна 27 проценти

CACHE_65

Невработеноста во Грција ќе остане висока до 2015 година и ќе биде на ниво од 27 проценти, објави грчкиот весник „Етнос“.

Весникот наведува дека бројот на невработени во Грција, Шпанија и Португалија ќе зголемува, но дека веќе и се надѕира крајот на економската рецесија во овие земји.

Бескрајното буџетско штедење не даде резултати и невработеноста меѓумладите останува сериозен проблем за еврозоната, тврдат аналитичарите.

Невработеноста меѓумладите се смета како најсериозната закана за економијата на еврозоната заедно со банкарскиот систем на ЕУ.

Според „Етнос“, се очекува Грција да остане во рецесија шеста година по ред, и во 2013
година нејзината економија да се намали за 4,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП