Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два кавратала, резултатот на земјава е -6,4%, за првите две тримесечја. Во регионот Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската унијае – 6,4%, Германија -6,5% , Хрватска -7,8%, Словенија -7,9%, Белгија -8,5%, Аврстрија -8,9%, Италија и Франција -12,1%, Велика Британија -12,3% согласно Евростат.

