4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ20, Светската банка и ММФ создаваат правила за дигитални валути на централните...

Г20, Светската банка и ММФ создаваат правила за дигитални валути на централните банки

Меѓународните финансиски институции и 20-те најголеми економии во светот воспоставуваат официјални стандарди за регулирање и издавање на дигитални валути од страна на централните банки. До крајот на 2022 година, регулаторната крива за „stablecoin“ треба да биде завршена.

После веста дека Кина дистрибуирала дигитални јуани на граѓаните на Шенжен за да го тестира нивното функционирање, следеше извештај составен од министрите за финансии и гувернери на централните банки на 19 земји и Европската унија (Г20), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка и Банката за меѓународни порамнувања(BIS). Во него се наведува дека “stablecoin” треба да биде заменлив со постојните форми на пари, што потсетува на готовина во леснотијата на користење, но исто така и дека неговата употреба не создава трошоци или е мала.

Системите за дигитални валути на cентралните банкi (CBDC) би требало да се поврзат со наследените финансиски технологии, така што во секое време да подмируваат големи количини на трансакции. Исто така, тие треба да се придржуваат кон регулативата и надзорот кој се применува за парите кои веќе се во оптек, како и дека централните банки го имаат главниот збор. Она што е важно, бидејќи сè се одвива во дигиталниот простор, е да се биде отпорен на хакерски напади и други технички предизвици.

Системите CBDC би можеле да ги подобрат прекуграничните плаќања, но важна разлика во однос со класичните дигитални валути, како што е Bitcoin, е што зад овој систем не стои блокчејн технологијата на анонимни студенти, туку централната банка, која има контрола над сите трансакции.

Европската централна банка и Јапонската банка исто така соопштија дека размислуваат за издавање дигитална валута. Во Јапонија, дигиталниот јен треба да се тестира на пролет, и засега нема индикации кога еврото би можело да го добие својот дигитален пандан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП