23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Бугарија рекордни 819 новозаразени со коронавирус

Во Бугарија рекордни 819 новозаразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 819 случаи на коронавирус од 5.898 тестирани граѓани.

Тоа е првпат бројот на новозаразени со коронавирус во Бугарија да надмине 800.

Вкупниот број на заразени во Бугарија достигна 26.593, според податоците објавени на официјалната веб-страница coronavirus.bg.

Во моментов има 9.175 активни случаи на инфекција, а стапката на позитивност е 13,88, според агенцијата БТА.

Хоспитализирани се 1.380 пациенти со коронавирус, а 67 од нив се на интензивна нега.

Пријавени се уште шест смртни случаи, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 929 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП