18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДобри се, а ретко на кого му текнуваат: Интересни начини да заработите...

Добри се, а ретко на кого му текнуваат: Интересни начини да заработите пари

На пазарот на трудот владее хаос и најново мото – „прилагоди се или исчезни“.

Кризата продолжува со исто темпо и не ветува многу подобрување до наредната година. Секогаш постои начин да се прилагодите или да смислите нешто со што би ја надминале кризата.

Еве неколку решенија кои би можеле да успеат.

Посетете некој од курсевите за тргување на берза

Купете соодветна литература и истражете ги сите можности на интернет. Берзата е неограничен пазар. За отварање на некоја основна сметка не е потребно богатство. Можеби имате дарба во оваа област, па можеби ќе ви успее.

Работете неколку работи кои бараат помалку труд

Секогаш можете да ги искомбинирате талентите кои ги поседувате и на тој начин да постигнете динамичност која ретко се нуди денес во стандардните работни места. Шетањето кучиња е исто така одлично платено. Можеби чување деца во вечерните часови? Зошто да не.

Научете занает

Занаетите не се изумрени, како и потребата за нив. Денес луѓето имаат се помалку пари, па пред се ќе поправат некоја одредена работа, отколку да купат нова. Можеби би можеле да научите да шиете или пак да бидете столар, чевлар или молер. Испробајте ги своите таленти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП