20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБрокула – извор на здрав живот

Брокула – извор на здрав живот

Брокулата не штити од многу здравствени проблеми и многу нутриционисти сметаат дека наместо на пазарите таа може слободно да се продава и во аптеките.

Брокулата е зеленчук број еден против ракот. Го спречува развојот на различните видови на малигни тумори, особено на дојката, бели дробови, дебелото црево, желудникот и мочниот меур, што беше потврдено и во многу различни студии.

Брокулите се богати со многу витамини и минерали. Брокулите содржат витамин А, Ц, К и витамини од грпата Б. Витамин А во формата на бета-каротен. Една средно голема брокула содржи повеќе витамин Ц, отколку еден портокал. Брокулите се богат извор на витамини од групата Б како: Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина).Во составот на брокулите е присутен и витаминот К. Минералите кои во големи количини се присутни во брокулите се: железото, калциумот, калиумот, магнезиумот и цинкот. Брокулите се богати и со растителни влакна и фитохемикалии.

Брокулите помагаат во многу процеси на телото и помагаат при лекувањето на стомачни растројства, срцеви заболувања, рак, анемија, висок крвен притисок, ви овозможуваат детоксикација, брокулите го одржуваат здравјето на белите дробови, ви го зајакнуваат имунитетот, подобруваат видот, го штитат мозокот, го намалуваат стресот и ја одржуваат вашата кожа млада и сјајна.

Како што можете да забележите, брокулите помагаат во борбата со многу болести. Но, овој долг список не завршува тука. Брокулите помагаат и за зацврстување на коските и заштита од остеопороза. Овој зеленчук е особено корисен за бремените жени и мајките кои што дојат.

Во никој случај не го избегнувајте овој зеленчук. Консумирајте го колку што можете почесто. Иако многу луѓе ги избегнуваат заради вкусот, брокулите можат да бидат многу вкусни ако се приготвени како што треба. Истражувањата покажуваат дека брокулите кои се готвени на пареа, содржат најмногу хранливи материи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП