Светската банка одобри план за помош од 12 милијарди американски долари за да им се овозможи на земјите во развој брз пристап до вакцините против Ковид-19 кога ќе станат достапни.
Како што беше најавено, одборот на извршни директори на Светска банка вчера го одобри планот. Парите ќе бидат искористени за „финансирање на набавка и дистрибуција на вакцини, тестови и третман на граѓаните на тие земји“, се вели во соопштението.

