Паднати лисја, дожд и магла: предизвиците на есента
- Есента е најпредизвикувачката сезона за возачите поради временските прилики кои сериозно влијаат на возењето.
- Бришачите на шофершајбната доколку се во лоша состојба може да ја намалат видливоста помеѓу 20% и 30%.
- Лисјата на патот ја намалуваат тракцијата на гумите, слично како и да возите по снег.
- Автоматското сопирање, одржувањето на лентата или пак долгите светла се голема помош во оваа сезона
Есента е сезона на бои. Жолтата, портокаловата и кафената нијанса на пејзажот несомнено примамуваат викенд прошетки. Од друга страна, пак, таа е воедно и најпредизвикувачката сезона за возачите, бидејќи тие мора да се соочат со паднатите лисја на патиштата, со студено време, со дождот и подолгите периоди на темнина. Сите овие услови бараат да направите сезонски преглед на вашиот автомобил и соодветно да го прилагодите возењето. Подолу се 9 совети за безгрижно возење наесен.





