20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со дожд и ветер

Облачно со дожд и ветер

Под влијание на циклонска активност попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја. На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 литри на метар квадратен за 24 часа, а локално и повеќе, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, денеска од југоисточен, а утре од југозападен правец.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во среда, а нов влажен бран се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП