28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМал прирачник за бонтон: Живејте и оставете ги другите да живеат

Мал прирачник за бонтон: Живејте и оставете ги другите да живеат

Добро би било да знаете кога и како да ги оставите луѓето на мир и да им оставите личен простор.

Постојат одредени ситуации во животот во кои, човек не знае дали треба или не треба да присуствува, но сепак, некои бонтон правила сите треба да ги знаеме.

 

Работа

Кога работите нешто, учите или сте вработени и преокупирани со нешто, сигурно не сакате некој од страна да ви зборува и да ве вознемирува. Така, и самите кога ќе ја видите сестрата, колешката или пријателката дека се спрема за испит или нешто работи, не се обидувајте да ја наговорите за одење во кино, на шопинг или нешто друго што тешко ќе го одбие.

 

Замор

Не ги мачете луѓето кога се уморни или им се спие. Секој од нас имал ситуација, кога многу уморен дошол од работа, некоја пријателка или колешка да му се јави на телефон и да го вознемирува и да му збори саат време за новите чевли што си ги купила, иако сме и кажале дека сме преморени од работа, неа тоа воопшто не ја интересирало. Штом ќе забележите доза на замор, незаинтересираност, кратки одговори и „исклученост“ кај личноста со која разговарате, дајте и го потребниот мир или кажете и што имате за кажување во најкратки црти. Некои луѓе едноставно се премногу љубезни па ја спуштаат слушалката. Ако сте вие таа личност- речете му на оној кој ве вознемирува дека- ќе се јавите кога ќе се одморите, до тогаш….

 

Излез

Сте излегле во град и вашата пријателка го пронашла човекот од соништата. Не е важно дали го наоѓа секоја сабота или не, не е ваше да им „држите свеќа“. Дружете се со остатокот од друштвото и немојте да им „висите на врат“ на луѓето кои пробуваат да се зближат. Тоа никој не го сака. Сите сме имале барем една ситуација кога сме запознале некого, но секогаш била тука некоја трета личност која правела проблем.

 

Одење дома 

Се си има свое време, па и одењето дома. Доколку сте во посета на пријатели или познаници, не се задржувајте повеќе од еден час, колку и да било убаво дружењето. Имено, никој нема да ви покаже дека сметате, особено ако сте гости, но сите имаат одреден биоритам, а дружењето може да продолжи и некој друг ден. Не останувајте подолго, особено ако во домот има деца. Дотичните родители имаат обврски кон децата, а ваше е да им го дозволите тоа.

 

Чук чук

Еднаш за секогаш луѓето треба да се научат да чукаат. Можеби сме ние тие кои чукаат, но сигурно имаме блиски луѓе кои тоа не го прават. Без оглед на тоа што се случува позади вратата или колку сте блиски со некој, секогаш треба прво да чукнете. Чукањето е знак на почит и внимание. И немојте само да чукнете и да влезете, туку почекајте и одговор. Никој не сака да го вознемируваат и да му влегуваат во соба или тоалет без да чукнат. Исто така, додека пробуваме гардероба, една од работите која најмногу ни оди на нерви е тоа што некој луѓе не се ни трудат да проверат дали има некој во гардеробата, туку ноншалантно отвараат да видат дали има некој. Немојте да бидете едни од тие луѓе и прво прашајте пред да нарушите нечија интимност.

 

Простор

Без оглед на тоа колку сакаме некоја личност, треба да и дадеме простор и време за себе. На пример, кога ќе се заљубиме, навистина секој момент сакаме да го поминеме со таа личност, но од премногу време поминато заедно станува досадно, а од досада доаѓа до караница. Немојте да малтретирате некого, така што ќе му го барате целото негово слободно време. Допуштете си себеси и нему да уживате во сопствените амбиции и активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП