20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ создаде нова класа модели – „SUL“

„Mercedes-Benz“ создаде нова класа модели – „SUL“

„Mercedes-Benz“ ќе лансира луксузен голем седан, чие растојание од земјата ќе биде како кросовер. Моделот ќе создаде целосно нова класа автомобили – „SUL“ (Sport Utility Limousine), пренесува германското издание „Handelsblatt“.

Основата на новиот теренец ќе биде концептниот модел „Mercedes-Maybach Ultimate Luxury“, кој дебитираше на саемот во Пекинг во 2018-та година. Изграден е на платформата на моделот „GLS“, кој е напојуван од четири електромотори со вкупна моќност од 750 ks. Батеријата со капацитет од 80 kW/h обезбедува опсег од 500 km.

Димензиите на автомобилот се должина од 5.269 mm, ширина од 2.110 mm и висина од 1764 mm. Растојанието помеѓу двете оски на „Mercedes-Maybach Ultimate Luxury“, како и растојанието од земјата не беа соопштени на премиерата на моделот. Сепак, компанијата е убедена дека оваа лимузина ќе може целосно да го замени кросоверот и затоа ќе има сериозен интерес од клиентите.

Љубопитно, на премиерата на концептниот модел пред 2 години, „Mercedes“ немаше намера да го претвори во сериски автомобил. Идејата беше да се изгради новата генерација на кросоверот „Mercedes-Maybach“ на нејзина основа, кој што беше претставен во 2019-та година. Сега излезе дека двата модели ќе се продаваат истовремено и дури ќе се натпреваруваат до одреден степен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП