29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го отфрли предлогот за патарини во ЕУ

Германија го отфрли предлогот за патарини во ЕУ

Планот за воведување на задолжителни патарини низ целата Европска унија беше повлечен од германскиот министер за транспорт Андреас Шојер поради силното противење на опозицијата во земјата, како и замерките од другите земји-членки.

Агенцијата за транспорт во Берлин официјално го потврди ова. „Потрагата по компромис за проширување на постојните системи за патарина за сите возила повеќе нема да се спроведува“, рекоа тие во одговор на прашањето на „Слободните демократи“.

Планот на Шојер беше да наметне патарина на сите автопати во заедницата – од Бугарија до Белгија и да влијае на сите автомобили, не само на камионите, како што во моментов се случува во некои земји. Декларираната цел на мерката е да се намалат штетните емисии. Во пракса, сепак, ова беше уште еден обид за воведување наплата за германските автопати, кои сега се бесплатни.

Министерот беше амбициозен да ја протурка мерката до крајот на претседателството на Германија со ЕУ. Сепак, опозицијата и коалицискиот партнер на Германската социјалдемократска партија (ГСДП) силно се спротивставија.

Воведувањето на единствен принцип за наплата е многу комплицирано и од различниот животен стандард во одделните земји-членки и од фактот дека во земји како што се Италија, Австрија и Франција има многу концесионирани патишта управувани од приватни компании, кои строго се спротивставуваат на општа цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП