
Италијанската влада деблокираше 15.7 од најавените 20 милијарди евра за да ги плати долговите на државата кон приватните фирми.


Италијанската влада деблокираше 15.7 од најавените 20 милијарди евра за да ги плати долговите на државата кон приватните фирми.
Италија во март оваа година најави дека оваа и следната година на двапати ќе го врати долгот од 40 милијарди евра кој го има државата кон италијанските приватни компании, а тоа го потврди и министерот за економија Фабрицио Сакомани.
Според податоците на синдикатот „CGIA“ државата на приватниците им должи околу 120 милијарди евра.
Плаќањето на долгот кон приватниците е едно од главните барања на италијанската индустриска асоцијација „Конфиндустрија“, која смета дека тоа ќе помогне да се намали рецесијата.