2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија бара квалификувани работници кои не се од Европската унија

Германија бара квалификувани работници кои не се од Европската унија

germanija

Германија денеска за прв пат објави список на работни места на кои сака да вработи работници кои не се од Европската унија, за да се справи со недостигот на работна сила што се должи на стареењето на населението.

Работните места вклучуваат медицински сестри и негуватели за стари лица, експерти во областа на роботиката, електричари и машиновозачи, пренесува АФП.

Луѓето кои сакаат да аплицираат за работните места, треба да ги презентираат квалификациите кои ги сметаат за подеднакви на оние во Германија.

“Потребни ни се квалификувани имигранти за да се обезбеди долгорочна благосостојба на Германија”, рече министерот за труд Урсула фон дер Лејен.

Соочена со намалување на населението, со ниска невработеност, најголемата економија во Европа за прв пат бара квалификувана работна сила од странство, преку програма која ја направила Сојузната агенција за труд.

Германија претходно имаше билатерални договори за привлекување на работници во одредени области, како во случајот со медицинските работници од Хрватска или од Филипините.

Новата иницијатива ќе ги олесни формалностите и ќе се намали бирократијата, откако ЕУ ја лансираше “сината карта”, која треба на високо образованите имигранти во ЕУ и на нивните семејства, да им гарантира социјални права како граѓани на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП