Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека земјата и официјално се приклучила на глобалната иницијатива за вакцинација позната како COVAX, со што стана најголемата економија која се обврза дека ќе помогне во финансирање на дозите на вакцини во земјите со низок и среден приход.
Во соопштението на Министерството не се откриени детали за тоа колку помош ќе пружи Пекинг, иако претседателот Си Џинпинг во мај вети 2 милијарди долари во текот на следните две години за да помогне во борбата против пандемијата на коронавирусот, од кој досега починаа над еден милион луѓе ширум светот.

