ПочетнаЕКОНОМИЈАСкандал во Лесковац, Србија: Болница рекламира ракија (ФОТО)

Скандал во Лесковац, Србија: Болница рекламира ракија (ФОТО)

Голема прашина се крена откако на социјалните мрежи започна да кружи фотографија од болницата во Лесковац, на која се гледаат вработени во обезбедување во елеци – рекламираат ракија.

Имено, на страницата на Фејсбук “Лесковац е наш град”, се појави фотографија на работник од обезбедување кој на елекот пишува – „Тривунова ракија“, заедно со натписот „Општа Болница Лесковац“.

Администраторите на страницата остро реагираа:

„Не е нормално здравствените работници да носат реклами за алкохол на своите униформи, ниту е нормално за град и болница кои даваат 430 000 евра само за да нацртаат проект, а да немаат пари за елеци за своите вработени. Ве потсетуваме дека канцеларијата на портирот на болницата Лесковац се наоѓа во непосредна близина на одделот за третман на алкохолизам. Срамота! Срамете се!“