23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерено облачно време со северен ветер

Умерено облачно време со северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен по должината на Повардарието, информира УХМР.

Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степена.

До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури, кои в сабота и в недела некаде ќе бидат и неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП