23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрузија последна пречка за пласман на Европското првенство

Грузија последна пречка за пласман на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 2:1 (2:1) и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европското првенство во 2021 година.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, резултатот го отвори Кололи со автогол во мрежата на гостите, израмни Флорент Хадерѓонај за Косово, а само неколку минути подоцна Велковски, по асистенција на Енис Барди, го постави конечниот резултат за радост на македонската нација.

До крајот македонскиот состав ја задржа предноста, иако имаше шанси за погодок и на двете страни.

Големото финале против Грузија ќе се игра на 12 ноември на стадионот „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП