ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот извоз расте четврти месец по ред

Германскиот извоз расте четврти месец по ред

Германските извозници закрепнуваат подобро од очекуваното по падот предизвикан од пандемијата. Нивниот извоз се зголеми во август четврти месец по ред, што е за 2,4% повеќе во однос на претходниот месец, објави Федералниот завод за статистика.

Економистите анкетирани од „Reuters“ очекуваа раст од само 1,4 проценти. Сепак, моментумот забавува: во јули беше забележано зголемување од 4,7 проценти, во јуни 14,9 проценти и во мај 9,0 проценти.

Поради рецесијата предизвикана од пандемијата кај многу важни трговски партнери, извозот остана далеку под нивото од претходната година.

Од јануари до август германските компании извезувале стоки и услуги во вредност од 770,3 милијарди евра – 12,7% помалку отколку во истиот период од минатата година. Федерацијата на германски индустрии (BDI) проценува дека ќе има целосен пад од 13% за целата 2020-та година.

Увозот се зголемил за 5,8% во споредба со претходниот месец, што укажува на пораст на локалната економија. Економистите очекуваа раст од само 1,4 проценти. Во јули, увозот се зголеми за само 1,1 процент.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП