2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПатување од пеколот: Што да направите ако ви го обијат автомобилот, ако...

Патување од пеколот: Што да направите ако ви го обијат автомобилот, ако ги изгубите клучевите или ако ви се случи незгода на патот

driving-on-holiday

Летото е тука и сезоната на одмори е во тек. Многумина од нас би сакале да го поминат својот одмор во странство. Треба да бидете подготвени за пат, особено ако одите со вашиот автомобил. Еве што да направите доколку нешто тргне наопаку …

 

Несреќа на патот

Во случај на сообраќајна незгода во странство, најважно е да се задржи главата ладна и да се дејствува правилно, со цел да не си создадете проблеми на самите себе. Бидете сигурни да се јавите во полиција, да пополните Европски извештај за несреќата и да добиете контакти од сведоците, нормално ако ги има.

Самите проценете, но препорачуваме да не се согласувате со сопственикот на другото возило доколку ви нуди договор.

 

Провала во автомобил

Идеално би било автомобилот во текот на ноќта да го паркирате на платен паркинг. За жал, ова ретко можеме да си го дозволиме. Во случај да дојде до провала во автомобилот, јавете се во полиција и инсистирајте да направат записник, за подоцна да можете да се наплатите од осигурителната компанија.

Повеќето осигурителни компании имаат дежурна телефонска линија, побарајте ги и замолете ги да ви ја објаснат постапката за наплата на штетата.

 

Помош на пат

Пред тргнување на одмор размислете за тоа да платите за помош на патот во странство. Оваа услуга ја нудат осигурителните компании и некои автомобилски здруженија. Во случај на незгода, треба да се јавите на дежурниот телефон. Во зависност од видот на услугата која ќе ја платите, може да добиете бесплатна шлеп-служба за возилото и евентуално елиминирање на едноставен проблем.

 

Изгубени клучеви

Ова е еден од најдобрите рецепти за пеколен одмор. Оној што ќе остане без клучевите од својот автомобил има голем проблем. Дури ни вашата услуга за помош на патот или официјалниот сервис за возилото не може да ви помогне брзо да дојдете до нов клуч.

Едно од решенијата е некој да ви го донесе резервниот клуч. Друго решение е резервниот клуч да му го доверите на некој пријател, кој во случај на потреба ќе може да ви го испрати по брза пошта. Двете решенија се значително поевтини од правењето на нов автомобилски клуч.

 

Рент-а-кар

Бидете сигурни да го прочитате договорот кој ќе ви го даде рент-а-кар агенцијата, особено во делот за исплата на отштета во случај на судар. Тоа е секогаш добра идеја за да се обезбедите дополнително.

 

Интервенција на полицијата

Во случај да ве запре полиција во странство, сметајте на сериозни казни. Ова особено се однесува на возење под дејство на алкохол или прекорачување на дозволените брзини.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП