18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка повлекува рекордна сума од својот инвестицски фонд

Норвешка повлекува рекордна сума од својот инвестицски фонд

Норвешката влада е на пат да повлече рекордна сума на средства од државниот инвестициски нафтен фонд во оваа година, пренесува „Bloomberg“.

Земјата планира невидени економски стимулации за 2021-ва година, дизајнирани да ги надминат ефектите од кризата поврзани со ширењето на ковид-19.

Норвешкото Министерство за финансии проценува дека структурниот буџетски дефицит, кој не ги вклучува приходите од нафта, ќе достигне 3,9% од вкупните средства на фондот во оваа година, во споредба со 2,9% во 2019-та година. До 2021-ва година, се очекува дефицитот повторно да се намали на околу 3%

„Пандемијата на коронавирусот предизвика најтешка рецесија во Норвешка од Втората светска војна. Економската активност започна да се опоравува постепено во последните месеци, но блиската иднина е опремена со несигурност“, рече министерот за финансии Јан Торе Занер.

Според него, и покрај релативно брзите стапки на раст во споредба со очекувањата од мај, економската активност веројатно долго време ќе остане далеку под просечните историски нивоа.

Според прогнозите на норвешката влада, бруто домашниот производ на копното, што ја исклучува нафтената и рибарската индустрија, ќе се намали за 3,1% во 2020-та година, по што ќе порасне за 4,4% во 2021-ва година.

Сепак, рецесијата во Норвешка веројатно ќе биде полесна отколку во повеќето европски земји. Ова главно се должи на управувањето со средства на државниот инвестициски фонд во вредност од 1,1 трилиони долари.

Тоа и овозможува на владата да преземе стимулативни мерки без прибегнување кон издавање нов долг на пазарот на обврзници.

Норвешка, која е најголем производител на нафта во Западна Европа, се потпира на фондот за пополнување на буџетскиот дефицит, како и за одржување на пензискиот систем.

Оваа година средствата што ги повлече државата се на рекордно ниво и фондот дури мораше да распродаде дел од своите средства за да ја обезбеди потребната ликвидност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП