26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИА1 Office Box – супер брз интернет за бизнис корисниците на А1...

А1 Office Box – супер брз интернет за бизнис корисниците на А1 Македонија

Последните 7 месеци ги живееме во пандемија која само ја забрза потребата за функционирање онлајн. Резултатите од најновите истражувања покажуваат дека работењето од дома ќе остане пракса за многу компании дури и по завршување на пандемијата. Голем број компании веќе се адаптираа на работа од дома, за што секако е потребен супер без интернет.

Еден од производите што се појавија на пазарот е и A1 Office Box, безжично интернет решение кое се активира со едноставно вклучување во струја, што им овозможува на корисниците брза и лесна употреба каде и да се. Покрај брзиот интернет, пакетот вклучува и фиксна линија.

Корисниците услугата можат да ја активираат со две тарифи: А1 Office Box 2 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps и неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи со промотивна месечна претплата од 699 денари и А1 Office Box 3 со којa добиваат 300 GB национален интернет 20/5 Mbps, неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи како и телевизија со до 50 канали со промотивна месечна претплата од 899 денари.

Пакетот e погоден за поврзување со POS-терминали за плаќање со платежни картички, како и за сите компании што имаат потреба од поголема брзина на upload од 1Mbps. Покрај вклучените, корисниците можат да активираат и дополнителни услуги во пакетот, како што се фиксна IP адреса и управуван VPN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП