13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09 – 30.09.2020 година вкупниот промет изнесувал 408.423.818 денари и е зголемен за 25,08 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 385.467.468 денари и е зголемено во однос на август за 89,15 отсто кога изнесувало 203.789.308 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 383.308.997 денари и обврзници во вредност од 2.158.471 денари.

Блок трансакциите во септември изнесувале 22.956.350 денари и се намалени за 81,30 отсто во однос на август.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.742 и е зголемен за 101,39 отсто во однос на август кога изнесувал 865.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за септември 2020 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП