5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските земји се соочуваат со недостаток на Ремдесивир, лек за Ковид-19

Европските земји се соочуваат со недостаток на Ремдесивир, лек за Ковид-19

Европските земји се соочуваат со недостиг на Ремдесивир, лек за Ковид-19, бидејќи ги снемува ограничените залихи, велат властите, додека најголемиот дел од ремдесивирот произведен од “Gilead” е продаден на американскиот пазар.

Во јули, Европската унија и Велика Британија, кои заедно имаат 500 милиони жители, обезбедија дози на ремодесивир за 30 000 пациенти.

САД потпишаа договор со производителот за продажба на над 500.000 дози, што претставуваше најголем дел од производството на “Gilead” во септември.

„Снема Ремдесивир“, изјави за Ројтерс портпаролот на холандското Министерство за здравство, Мартин Јансен, додавајќи дека наскоро се очекуваат нови испораки.

Докажано е дека антивирусниот лек го скратува закрепнувањето во болницата во најтешките случаи на Ковида-19.

Ремдесивир и кортикостероидот Дексаметазон се единствените лекови одобрени во Европа за третман на Ковида-19.

Двата лека ги прими претседателот Доналд Трамп, кој исто така се лекува со експериментален коктел со антитела.

Бројот на хоспитализирани во Европа расте, иако во повеќето земји тој е сè уште значително помал отколку во пролетта.

„Поради зголемениот број на хоспитализации, побарувачката за Ремдесивир рапидно расте“, рекол Јансен.

Полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски во вторникот рекол дека лекот недостасува во некои болници.

Последната пратка Ремдесивир во Полска пристигнала минатиот петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП