2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТеско: Нема повеќе евтина храна!

Теско: Нема повеќе евтина храна!

Britain Tesco Earns

Првиот човек на најголемиот британски ланец на супермаркети “Теско” Филип Кларк рече дека “се ближи крајот на ерата на евтина храна” за “Дејли Меил”.

Говорејќи откако беше објавено дека потрошувачите на Островот биле подготвени да платат повеќе за нивната храна доколку тоа значи просперитет за Велика Британија, Кларк рече дека зголемувањето на глобалната побарувачка значи дека ниските цени веќе не се одржливи.

Тој рече дека поминаа деновите кога сите “можевме да одиме во Јужна Африка и да бидеме единствени таму”.

“Поради зголемената побарувачка, храната ќе биде поскапа”, рече тој, и се согласи со некои експерти кои велат дека во спротивно “ниските цени ќе влијаат на квалитетот.”

Тој рече дека извештајот на ОН кој предупредува на можен пораст на цените на храната за 40 отсто во текот на следните десет години, се должи на се поголемата побарувачката на кинеската и индиската средна класа.

Неговата изјава дојде неколку дена откако основниот бренд на “Теско” – флашираната вода се зголеми во цената од 40 отсто, инаиде на остри критики и поради тоа што овој ланец беше во центарот на скандалот со коњско месо.

“Ние ќе сториме сé за да ја вратиме довербата на нашите купувачи. Теско е голем и погреши, но истото ќе се промени”, рече Кларк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП