26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРодовиот јаз во платите во ЕУ нема да се намали до следниот...

Родовиот јаз во платите во ЕУ нема да се намали до следниот век

Со сегашната стапка на промени, родовиот јаз во платите во ЕУ нема да се намали до почетокот на следниот век. Ова го покажува студијата на Европската конфедерација на синдикати (ETUC).

Податоците на Евростат цитирани од „ETUC“ покажуваат дека разликата во платите меѓу половите во ЕУ е намалена за 1% во последните осум години, што значи дека жените ќе мора да чекаат уште 84 години или до 2104-та година за да постигнат еднаква плата, доколку овој сегашен тренд продолжи.

Европската конфедерација на синдикати предупредува дека без обврзувачки мерки за родова еднаквост за промена на ситуацијата, разликата во платите меѓу половите ќе продолжи да расте во девет земји-членки.

Жените во Германија и Чешка ќе чекаат до 2121-ва година за еднаква плата. Најмалиот јаз се затвора во Франција (0,1% од 2010-та година) и ако ова продолжи, на земјата ќе и требаат повеќе од 1.000 години за да постигне еднаквост.

Во уште девет земји, жените ќе мора да почекаат до втората половина на овој век. Нееднаквоста најбрзо ќе исчезне во Романија, Луксембург и Белгија – соодветно во 2022-ра, 2027-ма и 2028-ма година.

Наспроти ова, „ETUC“ е загрижена дека Европската комисија го одложи објавувањето на очекуваната директива за транспарентност на платите и ќе го објави на 15-ти декември наместо на 4-ти ноември, кога е „Ден на еднаква плата“. Според „ETUC“, спроведувањето на иницијативата е доведено во прашање. Конфедерацијата испратила писмо до претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во кое бара јасност за причината за доцнењето и уверување дека работата на директивата ќе продолжи.

„Големиот бизнис сака да се преправа дека напредуваме во намалувањето на родовиот јаз во платите преку доброволни мерки. Но, жените би чекале повеќе од 100 години за еднаква плата во Европа, доколку промените продолжат со сегашното темпо“, рече Естер Линч, заменик генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати.

„Урсула фон дер Лајен ги зголеми надежите за вистински промени со ветувањето дека ќе ги поврзе мерките за транспарентност на платите во рок од 100 дена, но се чини дека ова се лизга од агендата под притисок на оние кои се против жените и еднаквоста. Го повикуваме претседателот на Комисијата да го поддржи комесарот Дали и да им даде приоритет на мерките за транспарентност на платите што се итно потребни за да се постигне вистински напредок кон еднаквоста. Ние нудиме целосна поддршка на синдикатите“, рече Естер Линч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП